• Почетна
  • За Нас
  • Услуги
  • Портфолио
  • Поддршка
  • Контакт
  • Веб дизајн
  • Веб апликации
  • Хостинг
  • Веб маркетинг
  • Графички дизајн
  • Аутсорсинг

Веб дизајн

Дизајните што ги креираме се со висок квалитет, изработката е уникатна и не се употребуваат готови шаблони(templates) кои можат да се најдат бесплатно на интернет. Со тоа го избегнувате непријатното изненадување да најдете некоја друга компанија која го има истото графичко решение на нивниот сајт. Дизајните се изработуваат според тековните стандарди имајќи во предвид дека покрај изгледот треба да овозможат лесна употребливост и лесен систем за навигација што ќе им помогне на вашите посетители да имаат добра ориентација при разгледувањето на содржините. Основната цел на секоја интернет презентација е да се заинтересираат посетителите за производите и услугите кои ги нудите и да помогне тие да станат ваши клиенти или купувачи. За да се оствари таа цел потребно е да имате професионална слика на вашиот бизнис претставена преку вашиот сајт.

Веб дизајнот е уметност и веб дизајнот е наука. Целта е да се креира презентација/сајт што добро ќе изгледа а воедно и ќе биде добро и лесно употреблив за да му понуди на посетителот што полесен начин за пронаоѓање на податоците кои ги бара. Со соработка и консултации со вас, ние се трудиме да ја разбереме и спознаеме вашата целна група и да креираме сајт кој ќе ги задоволи и двете спомнати цели.

Цел на презентацијата(сајтот) 

Една од најбитните работи што треба да се направи на почетокот е поставување јасна цел за што треба да служи сајтот. Цел може да биде рекламирање на вашите производи или услуги, да се примаат on-line порачки, да се нуди техничка помош на корисници и т.н. Овој чекор е од битно значење за успехот на самиот проект. Доколку вашата цел е јасна, дизајнот и структурата на сајтот ќе соодветствуваат на поставената цел и фокусирањето во текот на целиот процес на изработка ќе биде да се постигнат посакуваните цели. Не помалку важна е оваа информација и при самото креирање на предлог дизајните.

Детализирање на проектот и собирање на податоци

Најдобар и најефикасен начин за да се комплетира проектот е целосно да се анализираат вашите потреби и детално да се разработи целиот план за изработка почнувајќо од изработката на дизајнот до комплетната функционалност на сајтот. Самата функционалност, како и целната група на посетители исто така играат важна улога и врз самиот дизајн.

Процес на изработка

Процесот на изработка на сајтот се одвива во неколку фази кои може, но не мора да бидат последователни.

Најпрво се изработиваат предлог дизајни. Во договор со клиентот се изработуваат еден или повеќе предлог идеи. Секоја прифатена предлог идеа додатно се изменува, односно по барање на клиентот се изменува во финеси кои ќе го истакнат карактерот на презентацијата.

Напоредно или после креирањето на предлог решението за изгледот на презентацијата се креира и се договара предлог структурата на сајтот. Ова е само иницијална поставеност на страните за да се добие целина на содржинскиот дел и истата подоцна може да биде изменета и дополнета. Во овој процес се предвидуваат и се дискутираат сите нестандарни елементи кои треба да се вгнездат во страните.

Откако ќе се договорат и потврдат сите детали околу самата изработка, се преминува на рачно кодирање на страните. Во зависност од барањата на клиентите и од потребното ниво на оптимизација за пребарувачите(SEO), времетраењето на овој процес може да варира. И при самиот процес на кодирање се прават консултации со клиентот и се презентира сработеното во неколку етапи.

По потреба и по барање на клиентот почетната содржина што ќе биде поставена се лекторира. Подоцнежното лекторирање, односно лекторирање на новододадените содржини потпаѓа под договорот за одржување и надградби.

Стандардизација

Крајниот изглед на страните се проверува во сите поголеми прелистувачи за да се потврди визуелната целовитост на презентацијата. Страните се тестираат во Internet Explorer 6, Internet Explorer 7, Firefox, Opera, Chrome и Safari како главни прелистувачи во Windows, MacOS и разните Linux дистрибуции.

Одржување и надградби

Периодичното одржување, како и надградбите и измените на дизајнот се врши во претходно договорени временски интервали. Одржувањето на содржинскиот дел обично го врши самиот клиент, но по барање и тоа може да се извршува од наша страна.


© KMSoft, сите права задржани